Ѓоковиќ го победи големиот ривал Надал и се пласира во осминафиналето на ОИ

Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во осминафиналето на Олимписките игри (ОИ) со 2:0, во сетови 6:1 и 6:4. Ова беше 60-ти меч меѓу тениските великани, а поуспешен е Ѓоковиќ, 31:29.

Српскиот тенисер прикажа одлична игра на почетокот од мечот, во првиот сет, направи двоен брејк. На Ѓоковиќ му беа потребни само 38 минути за да го добие првиот сет во кој Надал  првиот гем го доби по повеќе од половина час игра.

Ѓоковиќ продолжи со одличната игра и во вториот сет, ги казнуваше грешките на Надал и поведе со 4:1. Кога изгледаше дека ќе биде лесно попладне за него, Надал се врати во акција.

Со двојна грешка Ѓоковиќ му подари гем на својот ривал, Надал направи брејк, потоа и го потврди на својот сервис. Потоа со уште еден брејк стигна до израмнување, 4:4 во вториот сет.

Ѓоковиќ беше во криза, но на крајот покажа дека е најдобар кога е најпотребно, победи и се пласира во осминафиналето во кое ќе игра со подобриот од мечот Доминик Копфер – Матео Аналди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО