Манчестер Сити со нерешеното на гостувањето кај Њукасл, ја загуби лидерската позиција во првенството, го имаат тешко повредениот Родри кој сезонава ќе го нема во ростерот, а сега се повредил и Ерлинг Халанд.
Пеп Гвардиола по натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ потврди дека Халанд добил неколку сериозни удари на незгодни места и дека ќе бидат внимателни со него, односно од блиску ќе ја следат ситуацијата.
Ерлинг Халанд беше прилично невидлив, односно неефикасен против Њукасл, а по се изгледа заработил одредена повреда на зглобот.
– Ерлинг доби неколку незгодни удари, ќе видиме следните денови каква ќе биде ситуацијата со него. Околу Родри, тоа прашање знам дека често ќе ми го поставувате, но тој не е тука, отсутен е на долг период и ќе ни недостасува во тимот.
– Морам да најдам решение кога тој не е во тимот, тоа е што е, мора да ја прифатиме ситуацијата. Против Њукасл имавме одредени шанси со кои не постигнавме втор гол, а требаше да реализираме. Но и покрај сите настани, задоволен сум од прикажаното, порача Гвардиола по натпреварот.