Трката за Големата награда (ГН) на Велика Британија (ВБ), на патеката во Силверстон ќе вози најрано до 2034 година, по потпишувањето нов, 10-годишен договор со Формула 1 (Ф1).
Овој потег означува период на зголемена стабилност за местото на ВБ во календарот на Ф1 по години неизвесност.
Претседателот и извршен директор на Ф1, Стефано Доменикали, рече дека Силверстоун е „иконско место“ кое е „во срцето на историјата на Ф1“. Во Силверстоун првата трка во рамките на Светското првенство (СП) во Ф1 се одржа во 1950 година.
Силверстоун е во сопственост на Британскиот клуб на возачи на трки (БРДЦ) и се смета за дом на британскиот мотоспорт. Од 1955 до 1986 година Силверстоун ја делеше британската трка за ГН, напрвин со Ајнтри, а потоа со Брендс Хеч.
Организатор на трката е од 1987 година, а во 2020 година, во екот на пандемијата на ковид-19 на оваа патека се возеа две трки.
Силверстоун беше и една од првите патеки што ја диверзифицираше понудата за обожавателите со организирање музички концерти и друга забава во текот на викендот.
Минатогодишната трка на која победи Макс Верстапен, привлече рекордна публика, дури 480.000 луѓе во текот на викендот, што е најголемата збирна посетеност за која било патека во текот на 2023 година.
Последниот договор што Силверстоун го потпиша во 2019 година беше на пет години, и потпишан во последен момент, откако сопствениците соопштија дека повеќе не можат да ја плаќаат таксата за трката.