Гилџус-Александар ќе го пропушти Ол-старот

Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити тандер, Шеј Гилџус-Александар, ќе отсуствува две недели поради истегнување на стомачен мускул, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Дваесет и седумгодишниот Канаѓанец се здоби со повредата на натпреварот со Орландо (128:92) и нема да игра викендот на сите ѕвезди во НБА.

Временскиот рок за закрепнување ќе биде одреден подоцна. Тој ќе биде подложен на повторна евалуација по НБА „Ол-стар“ викендот.

Гилџус-Александар играше во 49 натпревари од регуларната сезона на НБА оваа сезона, со просек од 31,8 поени, 4,4 скока и 6,4 асистенции.

Ол-стар 2026 во НБА-лигата на распоредот е од 13-15 февруари во Лос Анџелес.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО