Германија пресилна за Македонија!

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување во претпоследното коло во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Германија дојде со младински состав, сепак и тој беше пресилен за „црвено-жолтите“м во Скопје славеше со 27-35.

Поразот не ги намали шансите за пласман на континенталното натпреварување, се ќе биде познато после гостувањето кај Словенија.

Кипријановска имаше шест гола, Коцева и Стефановска постигнаа по 4.

Македонија патува за Словенија каде на 12 април ќе го одигра последниот меч од овие квалификации за ЕП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО