Германската новинска агенција, ДПА објави дека Германија или Италија ќе бидат домаќини на завршниот турнир во Лигата на нации (ЛН) на почетокот од јуни 2025 година, од 4 до 8 јуни.
Фудбалерите на Германија и на Италија ќе играат во четврт-финалето на ова натпреварување, а подобриот од тие две средби треба да биде домаќин и на завршниот турнир на четирите најдобри репрезентации.
Дополнително, ДПА наведува дека Минхен и Штутгарт се главни фаворити за организацијата доколку Германија биде подобра од Италија. Победникот од тој меч во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот Португалија – Данска.
Двојките за четврт-финалето во ЛН се:
Холандија – Шпанија
Хрватска – Франција
Данска – Португалија
Италија – Германија