Ракометарките на Ѓер го освоија пехарот во Лигата на шампионите, откако во финалето играно во Будимпешта, го победија тимот на Битигхајм убедливо со 30:23.
Ѓер доминираше во текот на целиот меч, и по првиот дел имаше предност од пет разлика (17:12), која ја одржуваше до крајот на мечот.
Грос и Дале постигнаа по шест гола во победеничкиот тим, а свој придонес даде и Солберг со 16 одбрани.
Третото место му припадна на Есбјерг кој славеше против Мец со 37:33.