Газдите на Ф1, Либерти медија, го купија MoтoГП за 3,6 милијарди фунти

Сопствениците на Формула 1 (Ф1), Либерти медија, го купија МотоГП во договор вреден 3,6 милијарди фунти.

Американскиот медиумски конгломерат, кој ја презеде контролата над Ф1 во 2017 година, ја купи МотоГП серијата од шпанската компанија Дорна спортс, која беше сопственик од 1992 година.

Со договорот Либерти ќе купи околу 86 отсто од Дорна, чиј менаџмент ќе го задржи остатокот од бизнисот. Се очекува зделката официјално да биде завршена до крајот на годината.

Грег Мафеи, претседател и главен извршен директор на Либерти медија, рече дека компанијата е „воодушевена“ што го проширува своето портфолио за спортови во живо.

Првата сезона во МотоГП се одржа во 1949 година, со само шест трки, но сега прерасна во Гран при кампања со 20 трки на пет континенти.

Шпанскиот возач Хорхе Мартин е на чело на годинешниот шампионат со 60 бода, пред Бред Биндер од Јужна Африка со 42 итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО