Гавриловиќ по двата порази на македонските одбојкарки: Потребно е време да го усовршиме системот

Новиот селектор Милош Гавриловиќ ги анализираше двата контролни натпревари на македонските одбојкарки против Косово во кои претрпеа порази со идентичен резултат од 3-1 во сетови во рамки на подготовките за настапот во Европската лига 2026.

– Добро ни послужија овие два пријателски натпревари со Косово за да видиме до каде сме во процесот на работа. Неполн месец е екипата заедно и со мене како нов селектор и јасно е дека уште не ни е усовршен системот, а за тоа е потребно време. Имавме и позитивни и негативни работи. Добро е што има борба, желба и игра, девојките се оптимисти и веруваат во работата и процесот. Од друга страна се виде и дека не се почитува договореното – тоа е нешто на што ќе мора да работиме, потребно е повеќе внимание да посветиме на блокот и одбраната, на сервисот. Има напредок од првиот ден до сега, но не чека уште многу работа, изјави Гавриловиќ за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ)

Репрезентацијата до четврток ќе тренира во Скопје, додека в петок рано наутро патува за Порто, каде викендот 6 и 7 јуни ги игра првите два натпревари од Европската лига 2026.

-Најважно е дека имаме визија и желба и она на што ќе се посветиме овие неколку дена до првиот натпревар во Европската лига се корекција на овие елементи, како и подобро воигрување на екипата и подготовка за првиот противник, додаде Гавриловиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО