Tренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, призна дека имаат проблем со Теун Компмајнерс, кој реши да протестира, бидејки не сакаат да го ослободат за трансфер во Јувентус.
Споменатиот фудбалер веќе го известил минатата недела Гасперини дека одлучил да не тренира, во знак на протест поради тоа што не му даваат одврзани раце за премин во Јувентус.
Тој веќе се договорил за личните услови со тимот од Торино, но кочница на оваа бизнис зделка е Аталанта, која го посакува во своите редови и оваа сезона.
Гасперини призна дека имаат доста непријатен однос со играчот и дека ќе направат се за во следните денови, да ја расчистат ситуацијата.
– Сега веќе тој не е од наша корист, не е од корист ни за тимот. Аталанта има цврст став по оваа тема, луѓето кои го водат клубот чувствуваат уцена од играчот. Ваков случај не сме имале во минатото, ќе сториме се што е во наша полза да се разјасни целата ситуација, порача Гасперини.