Манчестер Јунајтед е на чекор до реализација на трансферот на Лени Јоро, објави денеска весникот „Гардијан“.
Според информациите, „црвените ѓаволи“ се договориле со Лил за условите за трансферот на дефанзивецот. Сумата која ќе ја платат Англичаните ќе изнесува 50 милиони евра (фиксно) и плус 12 милиони во форма на бонуси.
Реал Мадрид исто така е заинтересиран за Јоро, но сакаше да почека до следното лето за да го ангажира во слободен трансфер. Лил не сака да го загуби играчот без пари и затоа ќе се обиде да го продаде во Јунајтед.
Англискиот клуб почнал преговори и со претставниците на 18-годишниот фудбалер. Тој се уште нема донесено одлука за трансфер.