Екипата на Форца од Куманово предводена од најдобриот македонски играч, Зоран Левески, супериорно ја освои титулата во футсал шампионат на Македонија.
За сезоната, за личниот ефект и за случувањата во репрезентација, Левески проговори во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.
– Прашањето околу титулата беше решено на полусезоната кога забележавме максимални девет победи. Покажавме дека отскокнуваме со квалитетот и сосема заслужено ја донесовме првата титула во Куманово. Сега се насочуваме кон завршницата на Купот и полуфиналето со Шкупи кој се покажа како достоен ривал.
Во долгогодишната кариера имам освоено 13 титули во Македонија и една во Србија. Имам одлични резултати и во Азија. Мислам дека многу повеќе треба да се работи со репрезентацијата. Треба да создаваме млади играчи кои ќе го подигнат нивото на малиот фудбал во Македонија, потенцираше Левески.