Фулам понуди 20 милиони фунти за Мектоминеј

Манчестер јунајтед доби втора понуда од Фулам, за играчот од средниот ред, Скот Мектоминеј, за која се претпоставува дека изнесува 20 милиони фунти,

Се очекува Јунајтед да ја одбие таа понуда, но иднината на шкотскиот репрезентативец повторно е неизвесна откако Вест хем се обиде лани да го ангажира.

Говорејќи на претсезонската турнеја на клубот низ САД, менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, рече дека е „задоволен“ што го има Мектоминеј во тимот, но не кажа дали 27-годишниот шкотски репрезентативец ќе остане во клубот.

Клубот од „Олд Трафорд“ се обидува да генерира средства за купување нови играчи, аповредите на дефанзивецот, Лени Јоро, кој ќе паузира три месеци и на напаѓачот Расмус Хојлунд го зголемија проблемот.

Минатата сезона тој забележа 32 настапи во Премиер лигата за Јунајтед, 14 од клупата, но го почна финалето од ФА купот и победата над Манчестер сити (2:1) на Вембли.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО