Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата, Манчестер сити во реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампиони.
Дел од европската фудбалска јавност и многумина навивачи по натпреварот ги напаѓаа Реал Мадрид и Карло Анчелоти за класичниот „бункер“ на „кралевите“ во поголемиот дел од натпреварот.
Реал имаше 33 отсто посед на топата, осамо сум шута (противникот 34) и еден корнер, наспроти 18-те на Сити. Сепак, поранешниот играч на Арсенал и на Франција, Тиери Анри го бранеше поранешниот лут ривал и неговиот тренер.
– Постои нешто што се нарекува одбрана. Можете да ја контролирате играта ако се браните доволно добро. Луѓето ќе речат дека Манчестер сити беше многу подобар тим, но одбраната е дел од играта. Мислам дека подобриот тим е оној кој добро се брани во текот на целиот натпревар, рече тој.