Фудбалската репрезентација на Алжир официјално доби нов селектор

Фудбалската репрезентација на Алжир и официјално доби нов селектор.

Станува збор за тренерскиот стручњак од БиХ, Владимир Петковиќ, кој беше на кормилото на швајцарската репрезентација од 2014 до 2021 година.

Петковиќ ќе го наследи Џамел Белмади, кој доби отказ по елиминацијата во групната фаза на Африканскиот куп на нации.

-Владимир Петковиќ од Босна и Херцеговина е новиот селектор на Алжир. Нашиот нов селектор ќе пристигне во Алжир во недела, а во понеделник ќе одржи прес-конференција, информираа од седиштето на Фудбалската федерација на Алжир.

Инаку, Петковиќ по заминувањето од Швајцарија го презеде тимот на Бордо во јули 2021 година.

Таму не остана долго бидејќи го напушти францускиот клуб во февруари следната година.

Алжир очекува од јуни да се пласира на Светското првенство во 2026 година.

Тие се во група со Мозамбик Сомалија, Гвинеја, Уганда и Боцвана.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО