Шефот на тимот на Ферари, Фредерик Васер, смета дека Луис Хамилтон претерал со своите критички изјави по последната трка во Формула 1 календарот. Британецот по завршувањето на ГН на Лас Вегас јавно изрази незадоволство од сезоната, нарекувајќи ја „катастрофална“, но Васер смета дека таквата реакција е импулсивна.
– Разбирам дека емоциите се силни веднаш по трката, особено кога резултатот не е она што го посакувате. Но, мислам дека Луис претерува со проценките. Треба да се смири и да се фокусира на следните предизвици“, изјави Васер.
Хамилтон во Лас Вегас стартуваше од далечната 20. позиција, а трката ја заврши надвор од водечките позиции, што дополнително влијаеше врз неговото разочарување. Сепак, Васер потенцира дека стартната позиција значително ја отежнала трката и дека не може целата сезона да се оцени како неуспешна поради еден лош викенд.
-Треба да гледаме реално – имаше добри и лоши моменти, но не треба сè да се прогласува за катастрофа. Најважно е тимот да остане обединет, а фокусот да остане на развојот и на идните трки“, додаде Французинот.
Во преостанатиот дел од сезоната, Ферари ќе се обиде да ја стабилизира формата, додека вниманието веќе полека се насочува и кон новите предизвици што ги носи следната година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: