Француската биатлонистка Јулија Симон, светска првакa и една од најдобрите во својата дисциплина, се најде во правен пресврт: обвинета е за кражба и измама со кредитна картичка.
Истрагата, која започна по жалба од нејзината репрезентативна колешка JЖастин Браисаз-Буше , тврди дека Симон во 2022 година користела картичка на Жастин Браисаз-Буше за онлајн купување во Норвешка, како и уште неколку други слични случаи.
На судот во Албертвил Јулија Симон ја прифати вината: „Признав дека сум ги направила наведените постапки, но не се сеќавам зошто и како“, изјави таа.
Обвинителството бараше условна затворска казна од два месеца и глоба од 20.000 евра.
Случајот отвора сериозно прашање за последиците по нејзината кариера и довербата кон тимот на Франција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: