Финалето на Европското првенство за паметење одиграа вечерва во Германија селекциите на Франција и Данска. По продолженијата Французите победија со 33:31 и со тоа станаа европски шампиони.
Првите десет минути понудија вкупно осум гола, по четири на двете страни.После тоа, многу грешки на Данците и во 12. минута Французите имаат плус 2, но тоа траеше само две минути.
Данците на крилата на неверојатниот Емил Нилсен брзо се враќаат во оваа игра и потоа го преземаат водството. Данците во 17. минута имаа плус три, а Нахи со убав гол ја прекина нивната серија.
Секако, ако некој не се предаде во ракометот, тоа се Французите кои одиграа одлично до крајот на полувремето.На пауза заминавме со нерешено, а на семафорот стоеше 14:14.
Второто полувреме подобро го отворија Данците, кои во 35. минута имаа плус 3 по голот на Гидсел. Четири минути подоцна Французите се вратија и беше јасно дека до крајот ќе гледаме вистинска драма.
Во текот на второто полувреме француските репрезентативци постојано ја „бркаа“ негативата. Во последните пет минути Франција поведе откако Махе постигна гол од седум метри.
Една минута подоцна возврати Хансен, а по тоа Ландин им одбрани зицер на француските ракометари.Данците имаа напад за победа, но судиите им ја одзедоа топката, а на 30 секунди пред крајот Фабрегас погоди за 27:27, со што натпреварот се однесе во продолжение.
Првото продолжение понуди четири гола, по два на двете страни, а резултатот отиде во второто продолжение при 29:29.
Второто продолжение подобро го одиграа Французите кои на крајот остварија победа од 33:31.