(ФОТО) УЕФА е презадоволна од ЕП. Имаше и непријатни изненадувања! Виновни се возовите и Роналдо?

Европската фудбалска унија (УЕФА) е презадоволна од годинашното Европско првенство (ЕП) во Германија кое ќе заврши со финалето меѓу Шпанија и Англија, в недела во Берлин.

„Добар домаќин, добри игри и особено добри навивачи, рече директорот за натпреварувања на УЕФА, Мартин Кален, но истакна една „многу вознемирувачка работа“.

– Ние сме многу, многу задоволни од тоа како мина турнирот. Во Германија имавме неверојатен број навивачи од цела Европа кои мирно дојдоа во Германија, славеа и ги бодреа своите тимови. Организацијата беше многу, многу добра. Натпреварите беа добри. Имаше и неколку изненадувања, рече Кален во Минхен на приемот во чест на волонтерите.

Покрај пребрзите службени возачи и здодевните таксисти, постојано имаше проблеми со транспортот и со германските железници, Дојче бан (ДБ).

– Веќе долго време е познато дека имаат проблеми. Но, како што можете да видите, има многу возови, рече Кален.

За време на турнирот, ДБ беше постојано критикуван за нефукционалноста. Неделава холандскиот тим место со воз мораше да патува со авион од Волфсбург до Дортмунд.

Сепак, Кален цело време користел возови и се погрижил да стигне до својата дестинација најмалку три часа порано. „Потоа малку се прилагодив. Понекогаш е малку непријатно, но опсегот на возови е навистина голем и разновиден“.

Друг дел од вознемирувачката приказна, според Кален, била „Роналдоманијата“.

– Кристијано Роналдо како суперѕвезда едноставно ги наелектризираше луѓето толку многу што тие сакаа да направат „селфи“ со него. Имаше неколку кои побрзаа на теренот да го направат тоа, иако знаеја какви ќе бидат последиците, додаде Кален.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО