Фудбалерите на Емполи ја елиминираа Фиорентина во осминафиналето од Купот на Италија по подоброто изведување пенали, 3:4 откако мечот заври без победник, 2:2.
Промашувањата на Раниери и Кин од белата точка скапо ги чинеа „виолетовите“, кои гостите знаеја да ги казнат и да изборат натамошен пласман.
Но, натпреварот остана во втор план, бидејќи целиот стадион во Фиренца му даде поддршка на Едоардо Бове, играчот на Фиорентина кој колабираше на натпреварот со Интер поради проблеми со срцето.
4️⃣❤️ #FiorentinaEmpoli pic.twitter.com/dElrcVyVJF
— Lega Serie A (@SerieA) December 4, 2024
Пред натпреварот, навивачите изведоа кореографија со бројот четири, што Бове го носи на дресот, додека тимот истакна транспарент со трогателна порака.
– Не сакаше дрес…Еве го твојот транспарент“ пишуваше на едниот, а на другиот дел „Едо, чекај, те сакам“.
Исто така, низ целиот стадион можеа да се забележат транспаренти со натпис „Напред, Едо“ и „Едо, издржи“, како и многу други слични.
Претходно Фиорентина издаде соопштение во кое истакна дека Бове е свесен и се опоправува во болница, како и дека разговарал со семејството, тренерот, раководството на клубот и со соиграчите.