Реал Мадрид го претстави својот нов домашен дрес за сезоната 2026/27 во соработка со Адидас. Иако дресовите се претежно традиционални бели, производителот Адидас додаде нов детаљ – три широки розови ленти на ракавите.
Адидас вели дека дресовите се исткаени со сложени детали кои го истакнуваат наследството на клубот.
-Тоа е модерен дизајн на дресови кој вклучува графички елементи инспирирани од крунските скапоцености на грбот на клубот, одразувајќи ја извонредноста, вештината на изработка и победничкиот менталитет на клубот, се наведува на официјалната веб-страница.
🎬 Cine.@adidasfootball pic.twitter.com/QJjH4vL4SK
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 3, 2026
Покрај розовите ленти, белата боја на дресовите е надополнета со темнозелени детали на јаката и рабовите на ракавите. Производителот додава дека дресовите се „дизајнирани да ги задоволат највисоките стандарди на професионалниот фудбал и ја содржат најновата технологија на Адидас која обезбедува максимален проток на воздух и ги одржува играчите свежи за време на натпреварите“.