На годинашниот САД опен најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја брани титулата од лани, атакува на 25-от грен слем трофеј и на јубилејната 100-та турниска победа.
Слободното време што го нема во доволни количини Ѓоковиќ сака да го минува во природа. Вториот светски рекет мини-брејкот до следниот меч го искористи да се прошета низ познатиот Централ парк во Њујорк.
Во таа пригода тој направи неколку селфиња, но направи и метеж меѓу минувачите на кои не им се веруваше дека меѓу нив, е најдобриот тенисер на денешницата.
Сосема опуштен, Србинот се прошета, малку разговараше со минувачите и потоа им се врати на тениските обврски.