Македонскиот интернационалец Христијан Георгиевски постигна фантастичен погодок за неговиот клуб Нафта во натпреварот против Домжале.
Голот беше ефектно постигнат од скоро половина терен, Георгиевски имаше смелост да шутне директно на гол од таа далечина и да ја искористи дефокусираноста на противничкиот голман.
Овој гол на крајот му обезбеди место во идеалните 11 на колото во првата лига на Словенија.
Инаку тимот на Нафта победи со 5-2, а Георгиевски беше стрелец на два гола на овој натпревар.