Нотингем форест поднесе жалба на одлуката на Премиер лигата да му бидат одземени четири бода поради неправилности во финансискиот дел од работењето и покажаните загуби во сезоната 2022/23.
Челниците на Форест најавија дека ќе се обидат да докажат дека казната е незаслужена и оти работат според правилата на Лигата, одбивајќи да изнесат повеќе детали. По одземените бодови Нотингем форест падна на 18. место на табелата.
Минатата недела од Форест соопштија дека се „крајно разочарани“ од одлуката, за која рекоа дека „покренува загрижувачки прашања за сите клубови “.
Клубовите од Премиер лигата може да прикажат загуба до 105 милиони фунти во текот на три сезони, или 35 милиони фунти по кампања. Но максималната дозволена загуба на Форест беше лимитирана на 61 милион фунти, бидејќи тие минаа две години од периодот на оценување во Чемпионшип.