Фонсека: Роналдо не го промаши пеналот, Облак му го одбрани

Поранешниот играч на Бенфика и Португалија, Антонио Фонсека го коментираше настапот на неговата репрезентација на осминафиналето на ЕП 2024 со Словачка, кој заврши со резултат 0:0, пенали 3:0, како и пеналот кој Кристијано не можеше да го претвори во гол.

– Тимот се претстави добро, но јас бев нервозен пред пеналот, но од друга страна, кој во Португалија не беше нервозен? Роналдо одлично го изведе пеналот во дополнителното време. Верувам дека не промаши тој, туку Јан Облак го одбрани ударот. Облак и португалскиот голман Коста се најдобрите играчи на натпреварот. Што мислам за солзите на Кристијано? Тоа беа чисти емоции, ништо повеќе. Според мене, Португалија нема да биде фаворит со Франција, дуелот е 50-50, изјави Фонсека.

Роналдо промаши пенал во 105. минута од мечот со Словенија, но го претвори неговиот удар од белата точка во гол на отварањето на пенал-рулетот по натпреварот. Во фазата од 1/4 финалето на ЕП 2024, репрезентацијата на Португалија ќе игра против Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО