Фјури пред реваншот со Усик: „Планот ми е да го нокаутирам и да го исфрлам од рингот“

Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Украинецот, Олександр Усик (37) и Британецот, Тајсон Фјури (36) во сабота навечер околу 22 часот во реванш мечот ќе се борат за три од четирите главни светски шампионски појаси.

Во првиот меч Украинецот по судиска одлука го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Но, Усик во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па тој појас нема да го освои победникот од оваа борба.

Фјури го претрпе првиот пораз во кариерата од Усик (22:0) во 35-от меч во кариерата. Фјури во првата борба против Усик имаше 118,8 килограми, но сега ќе биде значително потежок, ќе тежи 133 килограми.

„Да го нокаутирам копилето. Тоа е тоа. Тоа е мојот план, да го исфрлам од рингот. Минатиот пат се’ направив одлично. Не победив, но тоа беше израмнета борба. Овојпат ќе бидам поинаков борец, ќе бидам поинаков човек и и поинаков боксер.

Минатиот пат бев на 40, сега сум на 110 насто. Не сакам да се правдам, но вистинскиот Тајсон Фјури ќе го видите во сабота навечер“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО