Финансиски проблеми во Челси – „сините“ објавија големи загуби

Уште еднаш во последниве години, способноста на Челси да ги балансира правилата за профит и финансиската одржливост е доведена во сериозен сомнеж. Ова дојде откако лондонскиот клуб објави загуби пред оданочување од 90,1 милиони фунти во годината до 30 јуни 2023 година.

Премиер лигатa во досегашниот дел од сезоната веќе го казни Евертон со одземање 10 бода , а потоа му ја намали казната на тимот od Ливерпул на минус 6 бода. Под многу сериозен мониторинг е и Нотингем форест, а клубот се’ уште не знае за одлуката на Премиер лигата и потенцијалната казна, која треба да биде објавена најдоцна до средината на април.

Токму поради тоа се верува дека Челси би можел да биде следниот клуб кој ќе биде обвинет откако тимот од западен Лондон забележа сериозни загуби во 2023 година. Сепак, бројките се намалени во однос на последниот извештај, кој покажа годишна загуба од 121,4 милиони фунти.

Правилата на Премиер лигата им дозволуваат на англиските клубови да остварат загуби од 105 милиони фунти во период од три години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО