Проблеми со пари во клубот на Јован Манев: Соиграч објави дека четири месеци од Адана не добил плата

Иако играше добро во Турција и живееше среќен живот, сега поранешниот напаѓач на Милан само се обидува да најде начин да ја напушти оваа земја, а неговата желба е повторно да биде во Франција.

Сенегалскиот напаѓач отворено зборуваше за тоа што ги мачи многу странски фудбалери кои настапуваат за турски клубови. Се навикнати на редовни примања, но турските клубови ја немаат таа навика, барем така е за не толку најголемите тимови.

Мбаје Нианг играше во Милан, беше член на Каен, Монпеље, Џенова, Ватфорд, Торино, Рен, Ал Ахли, Бордо и Оксер, но првпат во кариерата остана шокиран бидејќи не добил плата четири месеци.

Така е во Турција каде што настапува за Адана Демирспор. Иако овој тим е во горниот дел од табелата, делумно благодарение на доброто играње на Нианг, играчите не се платени со месеци.

Нианг постигна осум гола на 16 натпревари во Супер лигата оваа сезона, но сака да побегне сега без разлика и призна дека се надева дека ќе се врати во Франција.

-Моето искуство во Турција, што се однесува до теренот, е добро. Играм добро, почнувам од почеток. Можам да покажам што знам. Животот во Турција е убав, но…, го започна својот говор Нианг, а потоа продолжи:

-Проблемот е платата, тоа ме погоди. Чудно е. Можам да разберам дека платата доцни, но поминаа четири месеци од послната што ја добив. Многу е тешко да се фокусирам на теренот. Сакам да заминам, јас веќе му кажав на клубот.

Сакам да се вратам во Франција. Имам понуди од други места, но сакам да одам во Франција, додаде 29-годишниот Нианг.

Како потсетување за овој клуб настапува македонскиот репрезентативец Јован Манев кој зимава се врати по шестмесечната позајмица во Осијек

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО