Фудбалската федерација на Македонија објави информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан.
Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот.
-Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме. Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила). Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка. Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина, велат од ФФМ.
Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.
Исто така, влезот на источната трибина е бесплатен за сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.
Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања, порачаа од ФФМ.