ФФМ ги одложи сите натпревари поради трагедијата во Кочани

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари од различни конкуренции поради големата трагедија која утринава се случи во Кочани.

Според досегашните информации, во пожар во дискотека животот го загубија голем број посетители на концерт на македонски бенд, а ФФМ експресно реагираше со прекин на сите фудбалски активности овој викенд.

– Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.

Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви, – стои во соопштението на ФФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО