Ферстапен пред Леклер и Расел ја освои пол-позицијата во Бахреин

Макс Ферстапен на освои првата пол-позиција во новата сезона. Актуелниот светски првак беше најбрз во квалификациите на патеката „Сакир“ со резултат 1:29.179 минути.

Ферстапен во Бахрен продолжи таму каде што застана минатата сезона. Без поголеми проблеми дојде до пол-позицијата, пред Шарл Леклерс од Ферари (+0.228) и возачот на Мерцедес Џорџ Расел (+0.306).

Место меѓу првите десет на стартот изборија: Карлос Саинц Јуниор (Ферари), Серхуо Перез (Ред Бул), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, Луис Хамилтон (Мерцедес) и изненадувањето Нико Хулкенберг од Хас.

Траката за Големата награда на Бахреин се вози утре со почеток во 16 часот по средноевропско време.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО