Фернандеш му замери на својот тимски колега: Ти си навистина глуп!

Фудбалерите на Јунајтед вчера остварија победа против Саутемптон на гостувањето на „Сент Мери“ со 3:0.

Стрелци или творци на победата беа Де Лихт, Рашфорд и Алехандро Гарначо.

Гарначо влезе од игра и во самиот финиш успеа да постигне гол за печат на победата на „црвените ѓаволи“. Тој успеа да погоди во судиското надоплнување и голот го прослави во стилот на Роналдо.

Со тоа веројатно се стави на страната на Роналдо во конфликтот со тренерот Тен Хаг, а по натпреварот, тој момент предизвика коментар од Бруно Фернандеш, кој напиша;

– Ти си навистина глуп“, алудирајки кон Гарначо за неговиот потег.

Се разбира тоа е коментар на кој Гарначо нема премногу да замери, бидејки е изнесен во позитивен тон, но очигледно има длабока порака.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО