Младиот фудбалер, Ансу Фати, кој игра на заем во англискиот Премиер лигаш, Брајтон, сака да се врати во Барселона. Тој сезонава одигра 25 средби на кои постигна четири гола и имаше една асистенција.
Неговата цена на фудбалскиот пазар изнесува околу 30 милиони евра, и бидејќи Барса се наоѓа во финансиска криза, лесно може да се случи Фати да биде ставен на трансфер листата летово.