ФА: Тухел останува селектор и ќе ја води Англија на ЕП 2028 година

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Томас Тухел останува со целосна поддршка од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата и на ЕП во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на СП пренесуваат британските медиуми.

– Продолжуваме според договорот до Европското првенство, кое ќе се одржи на домашен терен. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се размислува толку далеку.

Многу големи репрезентации беа елиминирани уште пред полуфиналето, па и ова е успех. Знам дека никој не сака да го слушне тоа во моментов, ниту јас, бидејќи секогаш очекуваме најмногу од себе – изјави Тухел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО