Познати се четвртфиналните двоки во англискиот ФА куп. Ждрепката реши во еден од најинтересните дуели, своевидно „финале пред финале“, да се сретнат големите ривали, Манчестер јунајтед и Ливерпул, на „Олд Трафорд“.
Другите двојки се: Манчестер сити – Њукасл, Челси – Лестер и Вилверхемптон – Ковентри. Натпреварите ќе се играат на 16 и на 17 март.