Англиските медиуми денеска објавија дека Фудбалската асоцијација (ФА) сака да го продолжи договорот со селекторот, Герет Саутгејт до 2026 година.
Весникот – „Дејли Мејл“ наведува дека 53-годишниот стратег кој го презеде кормилото во 2016 година, има тековна соработка со ФА до крајот на 2024-та но, најверојатно ќе го продолжи за извесен период. „Гордиот Албион“ на претстојното Европско првенство во Германија во првата фаза ќе биде во група со селекциите на Словенија, Данска и Србија.
Ќе потсетиме дека „трите лава“ супериорно си обезбедија место на континеталниот собир преку квалификациската група во која беше и Македонија.На првата средба на Островот не победија со 7-0 а вториот меч во Скопје заврши нерешено 1:1