Ф1: Возачите ги критикуваат гумите на Пирели

Возачите во Формула 1 (Ф1) не се задоволни од новите гуми на Пирели што се користат во тековниот шампионат. Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и на Вилијамс, Алекс Албон упатија низа критики за пневматиците.

– Мислам дека работиме во многу мала рамка околу температурата на гумите. Не се сеќавам дека некогаш сум имал толку тесен простор за работа. Искрено, тоа е најфрустрирачко, вели Хамилтон.

Слични се забелешките и на Албон. „Работите зависат повеќе од гумите отколку од било што друго. Во Кина беше исто како во Мајами. Возиш малку побрзо, но сепак си побавен. Патеката е премногу жешка за гумите и со сите ограничувања на притисокот во гумите, тие едноставно страдаат“, објаснува Албон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО