Ф1 шампионот срамежливо признава дека ништо повеќе не е исто за него

Доминацијата на Ред Бул сезонава не е така изразена во Формула1, како претходните сезони, а тоа Макс Верстапен срамежливо го признава.

Холандскиот шампион смета дека се соочува со предизвик сезонава, бидејки не е така доминантен во однос на конкуренцијата.

– Тешко е, нема да ве лажам. Се разбира секогаш се обидувам да дадам максимум од себе. Се обидувам да го оптимизирам секој викенд, затоа што ако имам добар болид, тоа ќе го направи мојот живот полесен, веројатно и кариерата.

– Навистина уживав минатата сезона, но едноставно знаев дека таква сезона тешко ќе ни се повтори. Многу е веројатно да немате таква конкурентна сезона повторно. Но се подготвував за вакви работи и ваква сезона. Иако се надевав на нешто поголема предност, што е тука е, порача Макс Верстапен.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО