Ф1: Маса бара 64 милиони фунти отштета за спорната титула во 2008 година

„Аутоспорт“ ги објави документите што претставниците на поранешниот возач на Ферари, Фелипе Маса, ги поднесоа до Високиот суд на Англија и Велс во тужбата против ФИА, Формула 1 (Ф1), менаџерската компанија ФОМ и поранешниот прв човек на Ф1, Берни Еклстоун.

Маса бара преиспитување на контроверзната трка за Големата награда (ГН) на Сингапур во 2008 година, кога возачот на Рено, Нелсон Пике јуниор, намерно се удрил и му овозможил на Луис Хамилтон со Мекларен да заврши на подиумот со еден бод пред Маса на крајот од сезоната.

Документите поднесени до Судот велат дека Маса не бара да му биде одземена титулата на Хамилтон, туку бара надомест на финансиската штета.

Според адвокатите, Маса не само што пропуштил бонус од два милиони евра за освојување на титулата, туку ги загубил платите и спонзорствата во следните години.

Конечната сума која Маса би ја добил во судската постапка ќе биде одредена врз основа на „стручни докази“, но прелиминарната проценка е 64 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО