Евролига: Армани ја победи Барселона, Ц.Звезда подобра од Олимпијакос

Во петокот вечета беа одиграни преостанатите четири натпревари од 15. коло во Евролигата. Барселона на свој терен беше поразена со 81:94 од Емпорио Армани.

Кошаркарите на Црвена ѕвезда на својот паркет во Белград го победија Олимпијакос со 87:73. Црвена ѕвезда во овој натпревар влезе ослабена. Покрај Филип Петрушев, кој не настапи поради договор со Олимпијакос од чии редови како позајмен играч дојде во Белград, ќе го нема Џоел Боломој кој претходно се повреди, како и новодојдениот Џон Браун, како и Милош Теодосиќ.

Од друга страна, Грците бра значително ослабени под кошот, бидејќи недостасуваа Мозес Рајт и Мустафа Фола, па поранешниот центар на Партизан, Никола Милутинов беше единствената опција за оваа позиција.

Во текот на првото полувреме двете екипи наизменично се менуваа во водство во период со малку одбрана и голем број коша, а домашните на полувремето заминаа со еден поен предност.

Но веќе во третата делница Ѕвезда дојде до двоцифрена предност, поточно 14 коша разлика, што беше недостижно за гостите од Пиреја. Олимпијакос, во чии редови немаше особено расположени играчи, сепак се обиде да направи пресврт и во еден момент ја намали разликата на минус седум, но по тајм-аутот на Сферопулос, Ѕвезда повторно ја зголеми предноста.

Најефикасни кај победниите неа Недовиќ со 18 и Калиниќ со 16 поени, кој извонредно шутираше од поле, додека кај Олимпијакост двоцифрени беа само Саша Везенков со 19 и Никола Милутинов со 11 поени.

Во претходниот натпревар во петокот кошаркарите на вториот атински евролигаш Панатинаикос беа поразени од Анадолу Ефес со 67:93. Ефес влезе во серија уште од стартот и рано поведе со 10:2, домашните добија девет дополнителни поени во текот на првата четвртина, но Панатинаикос на крајот од десеттата минута се врати на минус 5 (15:20).

Во втората делница Пао имаше мини серија по која поведе со два разлика но и тука застана. Потоа „зелените“ исчезнаа од теренот, Ефес успеа да се извлече со серија од 14:1 и до 15 поени, а на полувремето замина со двоцифрена предност.

Бездната на Панатинаикос само се продлабочи во третиот период, по 30 минути беше 46:68, а во четвртата четвртина Ефес се искачи на 29 поени предност, за убедливо да ја заврши работата за осма победа по седумте порази.

Родриг Бубоа го предводеше Ефес со 16 поени, Џордан Нвора и Дан Отуру имаа по 15, а меѓу стрелците меѓу сите играчи на турскиот клуб не се запиша само Дерек Вилис. На другата страна Костас Слукас постигна 15 поени, Џеди Осман додаде 12 поени за Панатинаикос и тие беа единствените двоцифрени.

Осум победи и седум порази има и Панатинаикос, кој сезонава ја брани титулата европски првак, колку и Ефес. Турците се на деветтото место, а Грците на десеттото место на табелата.

Серијата на Париз од 10 победи беше прекината во Лион, каде Асвел Вилербан беше подобар со резултат 98:93. Сепак, Париз и натаму е прв на табелата со скор 11-4, додека Асвел има 6-9 и сѐ уште е далеку од зоната на плејофот.

Зад Париз се Монако, Баерн и Фенербахче со по 10 победи и пет порази, додека три екипи имаат скор 9-6, Олимпијакос, Олимпија Милано и Жалгирис.

Црвена ѕвезда сега има 8-7, исто како и Ефес, Панатинаикос и Барселона. По пет последователни победи, Партизан стигна до 7-8, и е единствениот тим со таков скор.

Неочекувано под Партизан е Реал Мадрид со 6-9, исто како и Басконија, како и споменатиот Асвел кој е посилен од претходните сезони.

Макаби, Виртус и Алба веќе се отпишани за баражот, иако се далеку од откажување во остатокот од сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО