Евертон сака да го задржи Деле Али

Англиски Евертон е подготвен да му понуди нов договор на 27-годишниот фудбалер од средниот ред Деле Али, пренесува „Sky Sport“.

Тој има тековна соработка до 30 јуни 2024 година и не крие дека сака да осатне во Премиер лигата. Али стана играч на „карамелите“ во јануари 2022 година а изминатата сезона ја мина на позајмица во Бешикташ.

Вкупно, Англичанецот одигра 15 натпревари за турскиот клуб на кои постигна три гола. Деле нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона. Фудбалерот се лекуваше и од зависности во центар за рехабилитација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО