Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни,, а ќе заврши на 19 јули.
Според студијата на бразилскиот весник „О Глобо“, која анализирала податоци за 1.248 поканети играчи, Манчестер Сити е на врвот на листата на клубови со најмногу претставници на турнирот. Победникот на два англиски купа испраќа дури 19 играчи од 12 различни национални селекции на првенството.
Со ова, Сити го врати рекордот што го држеше Баерн Минхен на Светското првенство во Катар 2022 година со 17 играчи. Пред тоа, на првенството во Русија 2018 година, Сити исто така беше на врвот на листата со 16 повикани играчи.
Вкупно 1248 играчи што патуваат на Светското првенство доаѓаат од 453 различни клубови од целиот свет.
19 играчи на Сити по репрезентација:
Англија: Џејмс Трафорд, Џон Стоунс, Марк Гехи и Нико О’Рајли
Португалија: Матеус Нунес, Рубен Диашс и Бернардо Силва
Хрватска: Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ
Холандија: Нејтан Аке и Тижани Рајндерс
Алжир: Рајан Аит-Нури
Белгија: Жереми Доку
Египет: Омар Мармуш
Шпанија: Родри
Франција: Рајан Шерки
Гана: Антоан Семењо
Узбекистан: Абдукодир Кусанов
Норвешка: Ерлинг Халанд
Веднаш зад Манчестер Сити е Баерн Минхен со 18 играчи, потоа Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 играчи. Најуспешен клуб надвор од Европа е саудискиот Ал-Хилал, кој со 12 репрезентативци го зазема високото шесто место. По 12 репрезентативци имаат и Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.
Foto:EPA