Еурофарм Пелистер ги доби противниците во Лигата на шампионите

На денешната ждрепка во ЕХФ беа одредени групите за новата сезона во Лигата на шампионите каде што Македонија ќе ја претставува Еурофарм Пелистер.

Во минатата сезона македонскиот шампион имаше неславен учин од 14 порази во исто толку пораз и сега со вајлд-карта од ЕХФ ќе учествува повторно и ќе се обиде да го поправи впечатокот.

Ждрепката сакаше Еурофарм Пелистер биде во групата „А“ каде што друштво ќе му прават: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин и Спортинг.

Во групата „Б“ место добија: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант и Загреб.

Сезоната во Лигата на шампионите ќе стартува во септември 2024 година и ќе трае до Ф4 турнирот во јуни 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО