Еурофарм Пелистер домаќин на Вардар во големото дерби на македонскиот ракомет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер ќе го пречекаат Вардар во обид да им го нанеста првиот пораз на „црвено-црните“ оваа сезона во Супер лигата.

Дербито ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.

Во пресрет на овој натпревар, Вардар е лидер на табелата со максимални 15 победи и 30 бода, додека битолчани се втори со четири бода заостанување.

По неодамнешната оставка на Рубен Гарабаја од тренерската позиција, тимот на Пелистер до крајот на полусезоната ќе го води Звонко Шундовски.

Фото: РК Пелистер

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО