Еурофарм Пелистер без грешка и во 6. коло од Суперлигата – овој пат настрада Струга

Еурофарм Пелистер и по шестото коло од плеј-офот во Суперлигата, остана непоразен, вечерва беа подобри од составот на Струга, кој го победија со резултат 34:23.

Битолскиот колектив беше јасен фаворит на оваа средба, а тоа и го оправдаа на терен. Првиот дел беше крајно убедлив за домаќините, па на пауза заминаа со предност од 16:9.

Веќе таму беше обезбедена победата на Пелистер, па се поставуваше прашањето со каква разлика ќе остварат победа ова коло, а до крајот тој резултат беше и поубедлив, на +11.

Најефикасни на оваа средба во победата на Пелистер беа Василев со шест погодоци и Цехте со гол помалку.

На табелата лидер е Еурофарм Пелистер со 20 бодови, пред второпласираниот Охрид кој има 14, еден повеќе од Тиквеш на третата позиција. Вардар е на четвртото место со 12, колку што има и петтопласираниот Алкалоид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО