Eстонецот сам ќе се повредеше – ужасен обид во дисциплината скок со стап (Видео)

Естонскиот атлетичар Карел Тилга, ќе остане запаметен на овие Олимписки игри по ужасниот обид во дисциплината „скок со стап“, каде буквално и ќе се повредеше.

Снимката го обиколи светот, а многумина се прашуваат како овој спортист успеал да влезе во ранг за настап на Олимписките игри во Париз.

Тилга прилично се мачеше во овој обид, а малку недостасуваше и сам да се повреди, па буквално остана да виси горе сам на стапот.

Не само што не ја прескокна импровизираната ограда, туку се врати и назад и падна на патеката, што не беше ни малку пријатно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО