Европското првенство (ЕП) во Германија заврши со победа на Шпанија над Англија (2:1). Многубројни медиуми меѓу кои и УЕФА ги објавија најдобрите состави по турнирот.
ЕСПН покрај најдобрите, ги избра и најлошите 11, во формација 3-4-3.
Тоа се: Ангус Ган (Шкотска) – Јосип Шутало (Хрватска), Максимилијан Вобер (Австрија), Рајан Портеус (Шкотска) – Федерико Киеза ( Италија), Антоан Гризман (Франција), Доминик Собослаи (Унгарија), Џон Мекгин (Шкотска) – Бенјамин Шешко (Словенија), Кристијано Роналдо (Португалија), Килијан Мбапе (Франција).
Како што може да се види, ЕСПН во тој состав вклучува ѕвезди како Гризман, Собослаи, Шешко, па дури и Роналдо и Мбапе, кој го скрши носот на турнирот и потоа мораше да носи заштитна маска.