Ерлинг Халанд за Рој Кин: „Не се грижам многу за тој човек“

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд за првпат постигна четири гола на натпревар од Премиер лигата, вчера против Вулверхемптон, 5:1.

Откако Рој Кин, поранешниот капитен на Манчестер јунајтед го етикетира како играч „речиси на ниво за Лига 2“ , по ремито, 0:0 на Сити со Арсенал, Халанд немаше постигнато гол на пет натпревари. Сити на тој меч не постигна гол на меч во Премиер лигата на „Етихад“, за прв пат од октомври2021 година.

Но по тој разочарувачки резултат на 31 март, екипата на Пеп Гвардиола победи на шест првенствени натпревари и сега заостанува само еден бод зад водечкиот Арсенал, и  натпревар помалку.

Халанд (23) одигра главна улога во оживувањето на Сити, постигнувајќи седум гола на четири првенствени натпревари, вклучително и четирите против Вулфс. Прашан за коментарите на Кин по победата на неговата екипа тој изјави. „Навистина не се грижам многу за тој човек, така што се’ е во ред“.

Кин има историја со семејството Халанд, откако тешко го повреди таткото на Ерлинг, Алф-Инге со груб старт во дербито на Манчестер, во 2001 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО