Данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен летово станува слободен агент и според сите показатели нема да биде продолжен договорот со Манчестер Јунајтед.
Оваа вест ја пренесува Фабрицио Романо. Значи, тригодишниот престој на Олд Трафорд се ближи до крај.
Данецот има 33 години, иако оваа сезона ги постигна најдобрите резултати откако е на Театарот на соништата. На 27 натпревари во сите натпреварувања постигна четири гола и имаше четири асистенции.
Вкупно откако дојде во Манчестер Јунајтед одигра 99 натпревари, постигна седум голови и даде 17 асистенции.