Ерик тен Хаг зборуваше за иднината

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, е убеден дека ќе остане на кормилото на „црвените ѓаволи“ иако новите сопственици на клубот најавија дека ќе прават реконструкција во сите сегменти.

-Јас сум позитивна личност. Сонцето секогаш сјае. Можеби сега е зад облаците но, кога ќе се разбудам наутро, започнува нов ден.Одам напред. Одлично е ако можете да работите со млади луѓе за да ги доведете до нивното максимално ниво“ – вели Холанѓанецот.

– Ми кажаа за векторот на развој. Тој ме прави да се чувствувам многу позитивно. Можете да ја почувствувате енергијата што доаѓа во тимот. Разбирам какви структури сакаат да имплементираат новите косопственици. Тоа ќе ни помогне и ќе не поддржи на патот кон подобри резултати, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО